1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата во Бугарија ќе се моли за мир

ЕМФ /агенции
4 мај 2019

Папата Франциско утре (5.05.2019) ја почнува посетата на Бугарија, по што ќе престојува и во Северна Македонија. Тој претходно се обрати со видео-порака.

https://p.dw.com/p/3Hv6o
Vatikanstadt Ostern 2019 | Kreuzweg Kolosseum | Papst Franziskus
Фотографија: Reuters/Y. Nardi

Папата Франциско во своето обраќање до верниците пред посетата вели дека посетата на Балканот е „аџилак во знакот на верата, единството и мирот“. Тој со поглаварот на Бугарската православна црква, Неофит, сака да ја нагласи желбата за напредување на „патот на братско заедништво помеѓу христијаните“.

Христијанската порака во Бугарија донесе „богати плодови, дури и во тешките времиња од минатиот век“, вели папата во видео-пораката и потсетува на својот полски претходник Јован Павле Втори, кој правеше обиди за „Европа да ја открие повторно ослободителната сила на Христос и повторно да дише со двете белодробни крила“, притоа алудирајќи на православието и западните цркви.

Папата утре во Бугарија ќе зборува пред политичари и дипломати во Софија, а ќе има и средба со патријархот Неофит и членовите на Светиот синод на БПЦ. Попладнето тој ќе одржи миса на плоштадот во центарот на Софија. Во понеделник папата ќе посети бегалски камп, а потоа во малото гратче Раковски ќе даде Прва причест. Жителите на Раковски, кој се нарекува и „бугарска престолнина на католицизмот“, се исклучително возбудени.

Еве како тие се подготвуваат за посетата на папата:

Папата во Бугарија: „Тоа е знак од Бога“