1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Падна договор за Закон за државјанство

ДТЗ
16 април 2021

Ниту премиерот Зоран Заев, ниту Зијадин Села од Алијанса за Албанците не откриваат детали за компромисното решение додека не биде ставено на хартија.

https://p.dw.com/p/3s8mq
Nord-Mazedonien Der Ministerpräsident der Regierung in Nord-Mazedonien, Zoran Zaev
Фотографија: Government of North Macedonia

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши денеска постигнаа договор за Законот за државјанство, но детали за него не се откриваат.  „Договоривме дека ако предвреме ги соопштиме деталите пред да ги ставиме на хартија можеме да направиме различно видување во јавноста со оглед на тоа што има правни термини“, изјави премиерот Заев по средбата со претставинците на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-повеќе на темата: Видливи - невидливи: Се бара нов пат до државјанство

Со сличен став излезе и Зијадин Села од Алијанса за Албанците. „На добар пат сме да го решиме проблемот и се надевам дека на почетокот на неделата ќе излеземе со нашиот финален став кој ќе биде достапен за јавноста за да се знае за кои прашања се согласивме. Би ве замолил да не прашувате детали“, рече Села и додаде:  „ Со овој закон имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем. Затоа продолжуваме да сме на добар пат за решавање на овој проблем и се надевам дека многу брзо на почеток на следната недела ќе излеземе заедно со нашиот последен и финален став“.

-повеќе на темата: Со тројца сведоци до македонско државјанство?

Според него, во принцип на секој човек што е роден во Република Македонија, матична држава му е Македонија. Смета дека измените на законот треба да бидат основа за добивање државјанство, истакнувајќи дека нивната позиција е на сите што се родени тука да им се констатира дека се државјани на земјата.