1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОХИС се ослободува од опасниот отпад

ДТЗ
5 јули 2022

Уште 20 контејнери во наредниот период ќе бидат товарени и транспортирани од државата. Со ова започна транспортот на опасниот отпад од малата депонија од поранешниот индустриски гигант Охис

https://p.dw.com/p/4DgJI
Nord-Mazedonien Skopje | Chemikalien in Obst und Gemüse
Фотографија: DW

Седум контејнери со линдан тешки до 26 тонисе на пат за Франција, а уште 20 контејнери во наредниот период ќе бидат товарени и транспортирани од Северна Македонија. Со ова започна транспортот на опасниот отпад од малата депонија од поранешниот индустриски гигант Охис.

Според министерот за животна средина, Насер Нуредини, целиот процес е спроведен со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција.

„Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршена подготовката за транспорт, што подразбира пакување, товарање и транспортирање“, изјави Нуредини.

Сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација. Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне го напуштија Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција.

 

Почвата мора да се прочисти од линданот од ОХИС