1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остри реакции по полициската бруталност врз студентите

БГ/мкф/нмс1 јули 2016

Не стивнуваат реакциите откако специјални полициски сили синоќа насилно се пресметаа со студентите кои протестираа против начинот на кој течеа изборите за нов студентски лидер.

https://p.dw.com/p/1JHKV
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Националниот младински совет на Македонија изрази огромна загриженост и најостра осуда на развојот на последните настани по повод изборите за нов Претседател на Студентски парламент при УКИМ. Според информации во македонските медиуми, повеќе студенти биле повредени при полициската акција во зградата на СПУКМ. Студентскиот парламент излезе со соопштение дека изборите минале во најдобар ред, а за нов студентски лидер бил избран Давор Поповски.

Mazedonien Wahlen für die Studentenvertretung an der Uni Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Сепак, во текот на целиот ден имаше информации за неправилности во гласањето, а судирот кулминираше ноќта со полициската интервенција против членовите на Студентскиот пленум.

Од Националниот младински совет на Македонија велат дека и претходно предупредувале дека изборите за нов Претседател на СПУКМ беа нетранспарентно распишани во многу кус период и време кога голем дел од студентите ги напуштија кампусите и апелираше на преиспитување на постапката и внимателност, а вчерашните настани покажаа дека истите не беа спроведени ниту во фер, а уште помалку во демократски услови.

Mazedonien Wahlen für die Studentenvertretung an der Uni Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Национален младински совет на Македонија бара Ректорската управа на УКИМ да се произнесе за транспарентноста и демократичноста на овие избори, да се произнесе за легитимитетот на новоизбраниот Претседател на УКИМ и да преземе одговорност за ограничувањето на младинското учество, необезбедувањето на еднакви можности за сите студенти и да се произнесе по прашањето како во иднина ќе гарантира безбедност за своите студенти“. Оттаму апелираа и до МВР да ги преиспита мерките кои ги употребува за справување со вакви кризни ситуации и околности и повикува на воздржување од насилство и методи на заплашување на младите.