1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на кралицата на таблоидите во Британија

15 јули 2011

Ребека Брукс која се најде под голем притисок во аферата со прислушкување во Велика Британија поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Њуз интернешнл“, компанија ќерка на „Њуз корп“ на Руперт Мардок.

https://p.dw.com/p/11w1G
Ребека БруксФотографија: picture alliance/dpa

43- годишната Ребека Брукс Брукс , која важи за личност од најголема доверба на медиумскиот могул Мардок во Велика Британија, била главен уредник на булеварскиот весник „Њуз оф д ворлд“ кога се случувале скандалозните прислушкувања на илјадници луѓе во земјата . Брукс важи за блиска со семејството Мардок и во медиумите беше нарекувана „петата ќерка“ на Руперт Мердок.

News of the World allerletzte Ausgabe
Последното издание на „Њус оф д ворлд“Фотографија: picture alliance/dpa

Црвенокосата Брукс започнала да работи во британската секција на медиумското царство на Мердок како секретарка и брзо напредувала најнапред на местото уредник на „Њуз оф д ворлд“ , потоа на весникот „Сан“ пред да ја преземе беше на најважната извршна функција во британскиот дел на медиумската империја на Руперт Мардок- извршен директор на „Њуз интернешнл“.

„ Мудроста, добрината и паметните совети на Руперт ме водеа низ мојата кариера. Јас работев тука 22 години и знам дека бев дел од најдобрата медиумска компанија во светот. Си заминувам со најсреќни сеќавања“, напиша Брукс во прошталното писмо до вработените во „Њуз интернешнл“.

Брукс наредната недела на сослушување во британскиот парламент

Денешната оставка на Брукс е последица на огромниот политички притисок врз неа и врз компанијата на Мардок, таа да се повлече од функцијата, обвинувајќи ја дека знаела за прислушувањата и на „обични луѓе“, а не само на познати јавни личности и политичари, уште во 2003 година кога раководела со редакцијата на „Њуз оф д Ворлд“.

News Corporation Rupert Murdoch
Медиумскиот магнат Руперт МердокФотографија: picture alliance / dpa

Сега веќе укинатиот весник, како и Ребека Брукс, беа осомничени дека новинари на редакцијата ја ловеле говорната пошта на родителите на загинатите војници во Ирак и Авганистан, на жртвите во бомбашкиот терористички напад од 7 јули 2005 година во Лондон, како и во некои извикани криминални случаи во Велика Британија.

Барањата за оставка на Брукс се засилија откако пролабуристичкиот „Гардијан“ тврдеше дека биле прислушувани мобилните телефони на родителите на девојчето Мили Даулер, која во 2003 година исчезна, а подоцна беше најдена убиена.

Брукс, заедно со Руперт Мардок и неговиот син Џејмс, идната недела ќе бидат сослушувани во парламентарната Комисија за култура, медиуми и спорт, околу скандалот со „Њуз оф д Ворлд“.

Автор:СН/БГ/афп/ртре/миа

Редактор: Борис Георгиевски