1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Настава среде кози

26 март 2021

Десетгодишната Фиамета е на онлајн-настава опкружена со стадото кое го чува нејзиниот татко овчар во Калдес, Италија.

https://p.dw.com/p/3rCr0
Weltspiegel | 23.03.2021 | Tableau - Bilder des Tages
Фотографија: Martina Valentini/press office/Handout/REUTERS

Мајка ѝ работи во болница, а татко ѝ морал да се грижи за своите 350 кози, па Фиамета по затворањето на училиштето поради короната морала да остане сама дома. Меѓутоа, семејството нашло едноставно и генијално решение: Фиамета му се придружила на својот татко на ливадите под замокот Самоклево. Оттогаш девојчето следи онлајн настава седнато пред компјутер среде ливада, сериозно задлабочена во темите додека околу неа се слушаат козите и цвркотот на птиците.