1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: Итно да запрат насилствата во Сирија

25 април 2011

Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај денеска ја осуди ескалацијата на насилство во Сирија и апелираше да бидат ослободени затворените активисти за човекови права и политички затвореници.

https://p.dw.com/p/113dF
Сириските трупи спроведуваат операција во ДараФотографија: dapd

По информациите за загинувањето на најмалку 100 лица во изминатите три дена во Сирија Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај повика убивањето веднаш да запре.

„Прв чекор сега и итно запирање на употребата на насилство а потоа спроведување на независна истрага за убиствата, вклучително и на наводните убиства на припадници на војската и полицијата, и изведување на сторителите пред лицето на правдата“, нагласи Пилај.

Antirassismus Konferenz in Genf
Нави ПилајФотографија: AP

Затворена границата кон Јордан

Сирија денеска ги затвори сите свои гранични пунктови на копнената граница со Јордан, откако тенкови и други околпни возила беа распоредени во јужниот пограничен град Дара.

Јорданскиот министер за информации потврди дека двата главни гранични премини во Дара и Насиб се затворени за сообраќај од сириска страна. Медиумите соопштија дека тоа е поврзано со големата операција на безбедносните сили.

Голема операција во Дара

Претходно повеќе илјади војници под заштита на тенкови навлегоа во сирискиот град Дараа за да ги спречат масовните протести против претседателот Башар ел Асад, јавуваат очевидци. Кратко по нивното доаѓање се слушнале истрели, се тврди дека во акцијата загинале најмалку пет лица. Власта во Дамаск демонстрациите против претседателот ги претставува како напад на локални банди против безбедносните сили. Во уличните борби во целата земја досега беа убиени најмалку 350 лица, само последниве денови загинаа стотина луѓе.

Syrische Truppen stürmen Widerstandshochburg Daraa
Судири во ДараФотографија: AP

Од другастрана сириските писатели денеска издадоа декларација во која се осудува крвавото насилство против демонстрантите, што е знак за згрозеност на интелектуалната елита во Сирија од случувањата во последните неколку дена во кои насилството драматично ескалираше. Декларацијата е потпишана од 102 писатели и новинари во Сирија или во егзил, претставувајќи ги притоа сите верски секти во земјата, што е знак дека шокираноста од насилството ги надминува етничките граници во Сирија. Во писмото е упатен повик и до сириските интелектуалци кои не ја урнале бариерата на стравот да завземат јасен став.

„Ги осудуваме насилните и угнетувачки постапки на сирискиот режим против демонстрантите и им оддаваме почит на жртвите-маченици на бунтот“, се вели во декларацијата.

Автор:СН/АТ/ртр/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема