1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одзивот до 9 часот е 5,19 отсто

15 јули 2020

Според ДИК изборниот процес на сите гласачки места тече без проблеми.

https://p.dw.com/p/3fLPP
Nordmazedonien | Testabstimmung für die Parlamentswahlen
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Од пристигнатите податоци од 2.326 избирачки места (од вкупно 3.480) излезноста до 9 часот била 5,19 %, соопшти ДИК. Со право на глас во Избирачкиот список се заведени 1.814.263 граѓани.

Во Изборната едница 1 одзивот до 9 часот бил 6,58 %, при што највисок бил во општината Аеродром (10,13%), а најнизок во Студеничани (1,81%).

Во ИЕ 2 излезноста била 4,58 %, при што највисока во Општината Ѓорче Петров (8,05%) а најниска во Липково (0,93). Во ИЕ 3 одзивот до 9 часот бил 6,1 %  во ИЕ 5 изнесувал 5,22%, а во ИЕ 6 само 2, 59 %.

Повеќе:

Тече гласањето на десеттите парламeнтарни избори

Неславен почеток на изборниот молк

Од ДИК дадоа податоци и за излезноста во изминатите два дена кога гласаа посебни категории на граѓани. Во понеделникот вкупно 723 граѓани го оствариле правото на глас како гласачи позитивни на Ковид-19 или во самоизолација. Вчера, на гласачите места во 13 казнено- поправни установи од 1.657 гласачи со право за глас, гласале 1.272, односно 76,76 отсто. Ниту еден гласач не излегол на гласање во единствениот центар за раселени лица. Од вкупно 8.852 гласачи кои се пријавиле како болни и немоќни лица гласале вкупно 8.325 гласачи, односно 94,04 отсто. Според ДИК изборниот процес на сите гласачки места тече без проблеми.

Помали пропусти регистрирале набљудувачите на граѓанската организација „Цивил“, кои од утрово се присутни на 200 избирачки места, сите отворени навреме и прописно. Како што објави на утринската прес-конференција Џабир Дерала од „Цивил“, набљудувачите на оваа организација регистрирале дека на избирачкото место (ИМ) 836 во Кочани било забележано групирање на гласачи без почитување на мерките за заштита и дистанца, а бил регистриран и обид за семејно гласање, но бил спречен од Избирачкиот одбор (ИО). На ИМ 2042 во Брвеница имало неовластено присуство на лице на избирачкото место кое се претставило дека е набљудувач на политичка партија, но немал овластување за тоа. И покрај тоа, двајца членови на Избирачкиот одбор (ИО) му пружале поддршка и му дозволиле да остане на избирачкото место без потребните овластувања. Со оглед дека овие избори се спроведуваат во специфични услови и протоколи наметнати од пандемијата од коронавирусот, од „Цивил“ посочуваат дека на ИМ 2873 во Општина Чаир членовите на Избирачкиот одбор не ги почитувале мерките за заштита.