1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одзивот до 10 часот на ниво на 2016 година

БГ
15 јули 2020

Со неколку исклучоци, излезноста на вонредните парламентарни избори е на слично ниво со последните одржани во 2016 година. Во повеќе општини се забележува раст на одзивот, но некаде има и драматичен пад.

https://p.dw.com/p/3fLif
Nord-Mazedonien Skopje | Parlamentwahlen
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Општините Крива Паланка, Прилеп, Карпош и Крушево бележат висок одзив, во просек над 15 отсто, на вонредните парламентарни избори кои започнаа утрово. Според податоците на МОСТ, највисока излезност до 10 часот се бележи во Изборната единица 1, а најниска во Шестата. Одзивот на ниво на целата држава до 10 часот е на слично ниво како и оној на парламентарните избори во 2016 година.
Споредбата на податоците вели дека повисок одзив во однос на изборите пред четири години се бележи во општините Аеродром, Битола, Берово, Карпош, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Крушево, Неготино, Свети Николе, Струмица, Штип и Тетово. Нешто пониска или слична е излезноста во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Струга, Куманово, Прилеп, Гостивар и Дебар.

Најголем пад на одзивот има Кратово каде на изборите во 2014 и 2016 година излезноста до 10 часот достигнувала 17 и 21 отсто, а денеска е едвај нешто над 1 отсто. Слично е и во Росоман, каде во 2016 година до 10 часот гласале 24 отсто од граѓаните, а денеска само 4 проценти.

Скопските општини Центар, Чаир и Сарај бележат пониска излезност. Во 2016 година одзивот во Центар бил 12,2 отсто додека денеска е паднат за речиси половина на 6,5 проценти.

На ниво на целата држава, одзивот во 2016 година до 10 часот бил 9,2 проценти, а на денешните избори е 8,7 отсто.