1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Обвинителството бара затвор за Саркози

Кристијан Валц
9 декември 2020

Во спектакуларниот судски процес за корупција против поранешниот француски претседател Никола Саркози, обвинителството бара затворска казна од четири години.

https://p.dw.com/p/3mTeZ
French court hears former French President Sarkozy in corruption trial
Фотографија: REUTERS

Никола Саркози ги заборавил „вредностите на Републиката“ и и' наштетил на правната држава, објасни во своето пледоаје обвинителството во Париз. Тоа побара затворска казна за поранешниот претседател во траење од четири години. Две години од тоа треба да бидат условна казна.

Саркози претходно енергично ги отфрли обвинувањата за поткупи илегално вршење влијание врз правосудството. Тој „никогаш не извршил ниту најмал акт на корупција“, изјави 65-годишниот Саркози во судот. Екс претседателот изрази „бес“ и „огорченост“ поради судската постапка и кажа дека се надева оти „ќе биде испран од оваа злоба“.

Ова е првпат во повоената историја на Франција еден претседател на државата да биде обвинет за корупција.Саркозие обвинет дека по својот мандат (2007-2012), во 2014 година, поткупил обвинител во Врховниот суд, за да дојде до информации за истражната постапка која се водела против него. Политичарот, како што се тврди, му понудил на обвинителот поддршка при неговото конкурирање за работно место во Монако.

Случајот е познат во Франција како „Афера со прислушување“. За да му дојде на трага на Саркози, правосудството дало налог за прислушување на телефонските разговори помеѓу поранешниот француски претседател и неговиот адвокат Тјери Херцог, кој е исто така обвинет во процесот. За Херцог и за обвинителот Гилберт Азиберт се бараат исто така четири години затвор, од кои две условно. Процесот треба да заврши неделава.