1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Нуркач загина во спасувачки обид во пештерата во Тајланд

ЖА / агенции
6 јули 2018

Подготовките за спас на момчињата во поплавената пештера во Тајланд течат со полна пареа, а притоа загина еден нуркач.

https://p.dw.com/p/30v9Z
Thailand Rettungsaktionen der SEALS
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Tham Luang Rescue Operation Center

Во обидите за извлекување на дванаесетте момчиња, заглавени во пештера со нивниот тренер, загина нуркач - поранешен припадник на тајландската специјална единица Нејви силс. Властите соопштија дека нуркачот загинал додека работел како волонтер за поставување боци со кислород на потенцијалниот пат за бегство на момчињата. Ветеранот-нуркач Саман Кунан на враќање назад се онесвестил и загинал поради недостиг од кислород.

повеќе: 

Телефонска линија до момчињата во пештерата во Тајланд

Ова е прв несреќен случај во напорите да се извлечат децата. Спасувачкиот тим е во трка со времето да ги ослободи момчињата пред да пристигне нова бура. Временскиот прозорец веќе е ограничен, мислевме дека децата ќе можат да останат во пештерата подолго време, но работите се променија, изјави командантот на тајландската воена морнарица, Апакорн Јоконгкаев.

Thailand Rettungsaktionen der SEALS
Фотографија: Reuters/A. Perawongmetha

Момчињата на возраст меѓу 11 и 16 години, членови на младински фудбалски клуб и нивниот тренер од 23. јуни се заглавени во пештерата, откако надојдената вода им го отсекла патот за излез од неа. Децата поради поплавата навлегувале сѐ подлабоко во пештерата, а британски спасувачки нуркачки тим ги пронајде на три километри од главниот влез, во понеделникот вечерта. Силните врнежи од дожд ја отежнуваат работата на спасувачите. За спасувачката акција постојат повеќе сценарија. Според едно, тие треба да испливаат со придружба од поплавениот дел, а друго предвидува бушење отвор во сводот на пештерата и извлекување на децата. Властите ја фаворизираат втората варијанта. Во меѓувреме децата се обучуваат за нуркање. Во медиумите се дискутира и можноста пештерата да се испразни целосно од вода со помош на пумпи, што ќе овозможи децата да излезат пеш. Но, со оглед на огромните водени маси, ова решение се чини најневеројатно.