1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ноќ на пожари во „Џунглата“

СН /дпа,афп,ртр
26 октомври 2016

Повеќе пожари ноќеска но и денеска избувнаа во нелегалната бегалска населба во градот Кале на северот на Франција, каде попладнето целосно заврши евакуацијата на бегалците и уривањето на бараките и шаторите.

https://p.dw.com/p/2RiQO
Frankreich Evakuierung des Dschungels in Calais
Фотографија: Picture-Alliance/dpa/T. Vandermersch

Од понеделникот наваму француските власти го расчистуваат дивиот камп во непосредна близина на градот Кале. Само неколку часа откако властите започнаа со уривање на шаторите и привремените сместувалишта, во таканаречената „Џунгла на Кале“ избувнаа првите пожари.

Палење пожар е „традиција, посебно за некои заедници кои ги палат своите живеалишта кога ги напуштаат“, рекоа локалните власти и додадоа дека во состојба на готовност биле голем број пожарникари. Еден мигрант во илегалниот бегалски камп е полесно повреден и се наоѓа во болница, изјавија локалните власти на северот на Франција. Истото се случи во март кога беше отстранет јужниот дел на оваа голема населба.

Бес и очај во „џунглата“ на Кале

Пожарите почнаа да се појавуваат од ноќеска, а нивниот бројот се зголеми помеѓу полноќ и три часот наутро, посебно во т.н. трговски зони на влезот во населбата, наведе полицијата. Експлодираа најмалку два канистри со гас. Сите пожари беа угаснати. Властите вчера започнаа со демонтирање на засолништата и стражарницата во населбата откако за два дена беа евакуирани над 4.000 луѓе, а нивната евакуација во околу 450 прифатни центри распоредени ширум Франција продолжува.

Во населбата се наоѓаа меѓу 6.000 и 8.000 мигранти кои планираа да го преминат Ламанш и да стигнат во Англија.