1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови 135 заразени со коронавирус, расте бројот на оздравени

БГ
14 јули 2020

Бројот на новозаразени со Ковид-19 и денеска е троцифрен, но податоците на здравствените власти велат дека расте бројот на оздравени од инфекцијата, а истовремено паѓа бројот на починати во однос на претходната недела.

https://p.dw.com/p/3fKBJ
Nordmazedonien Corona-Pandemie in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Институтот за јавно здравје регистрира значително зголемување на бројот на оздравени лица во периодот од 6 до 12 јули, со истовремено намалување на бројот на починати лица заразени со коронавирусот, во истиот период. Податоците на Институтот велат дека се работи за тренд на раст на бројот на оздравени лица во изминатите три недели за околу 40% на неделно ниво. 
Потврда на релативно позитивниот тренд може да се најде и во податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести. Имено, во последните седум дена просекот на новозаразени на 100,000 жители во Северна Македонија е паднат на 51,75.  Наспроти тоа, значително е засилен растот на бројот на новозаразени во другите држави од Западниот Балкан. Па така, на прво место сега е Косово со речиси 90 случаи на 100,000 жители, пред Црна Гора каде се евидентирани 71. Трендот се покачува и во БиХ и Србија, но просекот е се уште понизок од Северна Македонија. 

Во изминатите 24 часа биле откриени 135 нови случаи на лица заразени со коронавирус, од кои повеќе од половината отпаѓаат на Скопје. Вкупно биле направени 1259 тестови, а новозаразените се откриени во Скопје- 76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3 и Ресен-1. Четворица пациенти починале во болниците во Скопје, Охрид и Тетово.
Во изминатата седмица направени се 9,995 тестови, а процентот на позитивни останал на нешто над 10 проценти, иако со тренд на благо намалување. Просекот од 10 отсто заболени од вкупниот број тестирани на дневно ниво се одржува во последните четири недели со помали или поголеми флуктуации.
Секој четврти новозаразен во земјата е од Скопје, а Тетово е втор според таа статистика, но далеку заостанува зад главниот град. Поделбата по старосни групи покажува релативно израмнето ширење на вирусот, а предничат лицата над 60 години кои опфаќаат 22,8% од заболените. По нив се лицата меѓу 30-39 години – 20,1%, лицата од 50-59 години - 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема