1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непотребна оставка

1 јуни 2010

Никогаш досега еден германски претседател не поднесол оставка на функцијата. Како се толкува овој чекор и што значи за политиката во Германија?

https://p.dw.com/p/NeRX

Тоа не беше потребно. Претседателот Келер имаше искажување кое наиде на критика, но тоа не беше причина за еден респектиран претседател да поднесе оставка. Хорст Келер, враќајќи се од посетата на трупите во Авганистан, даде изјава која би можела да се разбере дека ангажманот на германските војници таму е за одбрана на економските интереси. Кога пет дена откако беше емитувано интервјуто, ненадејно беа упатени бран критики на сметка на претседателот, Келер појасни дека не мислел така. Со тоа се’ можеше да се заврши.

Но, критиката продолжи, како од политичарите, така и од медиумите. Беа извлечени и паралели со сојузниот претседател Хајнрих Либке во 60-тите години, чии ментални капацитети во вториот мандат попуштија и на многумина им остана во сеќавањето како личност од вицевите. Тоа беше бесрамно. Но, Келер изнесе друга причина за неговата оставка: тој бил обвинет дека се залагал за воени ангажмани, кои не се во согласност со Уставот. Со други зборови: тој, претседателот, застапува противуставна позиција. Таква критика, и во тоа Келер има право, ја оштетува функцијата претседател. За да ја заштити функцијата, тој поднесе оставка. Ова заслужува огромна почит.

Deutsche Welle Peter Stützle
Петер ШтицлеФотографија: DW

Помалку за почит е веднаш да почне да се шпекулира, дека можеби има и други причини за овој чекор. Како на пример, разочарување од канцеларката Меркел, која не го заштити од критиката. Таа преку својата портпаролка порача дека канцеларката нема да коментира изјави на сојузниот претседател.

Но, уште пред несреќните искажувања во интервјуто, Келер сметаше дека е изложен на се’ поголема критика, дека во вториот мандат од него нема изјави како патоказ во иднината. Но Келер знае, а тоа го потврдуваат многу негови изјави, во каква тешка ситуација се наоѓа Германија и Европа во моментов, среде постојана финансиска криза и притисоците за штедење. Тоа што во оваа ситуација ја поштеди земјата од мачната дискусија за нејзиниот претседател, заслужува големо признание и критиката дека не и` е дораснат на функцијата - паѓа врз оние кои ја создадоа.

Сега Сојузното собрание, тело надлежно само за изборот на претседателот на државата, во кое се застапени пратеници на Бундестогот и застапници на сојузните покраини, ќе треба да се состане во рок од 30 дена. Владата и опозицијата наскоро ќе треба да ги номинираат кандидатите, и со оглед на соодносот на мнозинството, владиниот табор ќе се пробие со својот кандидат. Со тоа ќе биде надмината кризата околу највисоката германска државна функција. А да се надеваме дека Хорст Келер нема да остане во сеаќавање само како првиот германски претседател што поднесе оставка. Тоа не би било праведно.

Автор на коментарот: Петер Штитцлe

Првод: Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошоска Фиданоска