1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не се чепкајте со овие жени!

Валери фон Китлиц
8 јули 2019

Полициската патрола составена исклучиво од жени се грижи за безбедност на индиските улици.

https://p.dw.com/p/3LkQA
Indien Weibliche Polzeieinheit in Jaipur
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Khanna

Полициска патрола составена само од жени патролира низ улиците на Њу Делхи.

Идејата за чисто женска патрола е на полициската комесарка Виџајанта Арија, со цел да се поттикне женска солидарност:

„Сметавме дека би била убава идеја да имаме женски офицери на полициски мотоцикли кои ќе патролираат, бидејќи тоа би претставувало мерка на градење доверба за жените.“

Во 2016 година полицијата евидентирала 2.000 случаи на силување. Во последните четири години бројот е зголемен за 67%. Сега над 600 полицајки на мотоцикли работат за безбедност на градот. 

Како реагираат граѓаните на жените полицајки на мотоцикли, погледнете во видеото:

Не се чепкајте со овие жени!