1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Летувањето е луксуз за многу Европејци

СН/агенции
3 август 2021

Пандемијата не е единствена причина поради која не можe да се летува како порано. Имено околу 35 милиони граѓани на ЕУ се премногу сиромашни за да одат на годишен одмор.

https://p.dw.com/p/3yUBP
Spanien | Mallorca
Фотографија: Marcin Nowak/Zuma/picture alliance

Според истражувањето на Европското здружение на синдикати кое брои 45 милиони члена во 38 земји во Европа, околу 35 милиони Европејци немаат пари да си дозволат ниту една недела летување. „Одморот не смее никако да биде луксуз“, предупредува заменичката на генералниот секретар на здружението, Естер Линч. „Додека сега многу вработени се на пат и уживаат во слободните денови со семејствата и со пријателите, милиони граѓани остануваат без тоа, бидејќи примањата им се прениски.“ Таа смета дека тоа покажува и како благосостојбата во Европа пораснала во изминатата деценија, но и оти таа воопшто не е рамномерно распоредена.

Истражувањето на синдикатите покажува дека 28 отсто од граѓаните на ЕУ постари од 16 години всушност немаат пари за еднонеделен одмор, меѓу граѓаните кои инаку и едвај врзуваат крај со крај, значи имаат приходи кои се пониски од 60 насто од националниот просек, такви се дури 59,5 насто.

Можеби не е сѐ во парите...

Секако, синдикатите во своето истражување не располагаат со информацијата дали овие сиромашни лица сепак одат на некаков одмор, особено кога се набљудува само нивниот приход. Бидејќи, така излегува дека одмор можат најмалку да си дозволат вработените со ниски примања во земјите кои често и самите се туристички дестинации: на прво место е Грција каде 88,9 насто од граѓаните со ниски примања не можат да си дозволат летување, следат Романија (86,8%), Хрватска (84,7%) и Кипар (79,2%).

Повеќе:

-Туризам под маски  

-Високи казни за летувалците во ризични земји кои нема да се тестираат

-Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка

Веројатно сиромашните граѓани во овие држави сепак можат некако „малку да видат море“ кај роднините и пријателите и дека тоа ќе ги чини поефтино отколку оние на кои им претстои пат во странство од некои земји од северна Европа. И тоа барем на Германците нивниот „Урлауб“ е нешто за што се подготвени да жртвуваат многу работи: ништо, дури ни автомобил не е поголем приоритет од тоа да се стават пари на страна за да се оди на одмор.

Но, нема да се има пари за расфрлање, и тоа е уште еден тренд кој е сѐ поприсутен во туристичките дестинации: никој веќе не сака туристи кои немаат пари. Шпанија во времето на Франко веруваше дека масовниот турзам ќе и' донесе благосостојба, но иако брегот е уништен со големи бетонски хотели, сега сѐ повеќе региони бараат начин да се ослободат од гостите кои за малку пари дошле на одмор и едвај нешто трошат додека се таму. А, да се помине одмор на атрактивна локација е сѐ поскапо - дефинитивно прескапо за гостите со поплиток џеб.