„Најоткачените“ хотели во Европа
Ова се најневообичаените хотели во Европа. Идеја за вашиот нареден одмор?
Фаралда Кран-хотел во Холандија
Еден индустриски кран во пристаништето во Амстердам е претворен во хотел со три комфорни хотелски соби. Тука можете да преноќевате на височина од 45 метри и да уживате во уникатниот поглед.
Соба во Фаралда Кран-хотелот
Внатрешноста на Фаралда Кран-хотелот во Холандија
Хотелот „Рудник за сребро“ во Шведска
Во овој хотел во Сала, Шведска, гостите може да преноќеваат во поранешен рудник за сребро на длабочина од 155 метри под земја.
Хотелот „Рудник за сребро“ во Шведска
Една од собите во хотелот „Рудник за сребро“
Хотелот „Рудник за сребро“ во Шведска
Платформата „Спитбанк Форт“ пред брегот на Англија
„Спитбанк Форт“ е направена во 1876 година. Имала одбранбени цели. Сега е луксузен хотел за гости кои сакаат да го почувствуваат посебниот шарм на поранешната платформа.
Платформата „Спитбанк Форт“ пред брегот на Англија
Платформата „Спитбанк Форт“ пред брегот на Англија
Тројанскиот коњ во хотелот „La Balade des gnômes“ во Белгија
Во хотелот „La Balade des gnômes“ љубителите на приказни и сказни се на вистинското место. Тие можат да престојуваат во огромниот Тројански коњ, кој потсетува на грчката митологија.
Тројанскиот коњ во хотелот „La Balade des gnômes“ во Белгија
Тројанскиот коњ во хотелот „La Balade des gnômes“ во Белгија
Хотелот „Уфогел“ во Австрија
Мини-хотелот „Уфогел“ се наоѓа на една падина на Алпите и изгледа како чудна птица. Панорама-прозорците нудат прекрасен поглед на планинските кулиси.