Најекстремниот виндсурф натпревар во светот
12 март 2019Осум од најдобрите и најавантуристички настроени виндсурфери во светот од неделата се стационирани во округот Донегал во северозападниот дел на Ирска каде учествуваат на најекстремното натпреварување во нивниот спорт- Ред Бул Сторм Чејс. Станува збор за едрење на даска во екстремни услови на бура и леденостудена морска вода.
Како изгледа на годинешниот Ред Бул Сторм Чејс, погледнете во следново видео:
Едрачите на даска на првиот ден од годинешниот спектакл на Ред Бул се натпреваруваат во три рунди, во кои во разлутеното море минуваа околу 20 минути, а се оценувани според скоковите, справувањето со брановите и нивната способност за изведување на трикови.
Големината на брановите достигнуваше 10-тина метри, додека силните ветришта се движеа со брзина околу 55-110 километри на час. Натпреварот завршува денеска, а метеоролозите предвидуваат уште посилни ветришта и поголеми бранови..