1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Национална жалост на Куба по авионската несреќа

СН/ агенции
19 мај 2018

Во авионот кој се урна при полетувањето се наоѓаа 104 патници, меѓу нив 5 деца, како и шест членови на екипажот од Мексико. Три жени биле извлечени живи од под остатоците на авионот во многу тешка состојба.

https://p.dw.com/p/2xyuY
Kuba Havanna - Flugzeug beim Start abgestürzt
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Roque

На Куба денеска започна дводневна жалост поради авионската несреќа во која загинаа над 100 лица во пад на авион.

Кубански авион со 110 патници и членови на екипажот се урна вчера (18.05.) непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром Хозе Марти во  главниот град на Куба, Хавана. Несреќата, според кубанските медиуми, ја преживеале три жени, кои се наоѓаат во тешка состојба. Во авионот имало и пет деца.

Повеќе од 100 загинати во авионска несреќа на Куба

Претседателот на Куба Мигел Дијас-Канел рече дека во тек е истрага за несреќата на авионот од типот Боинг 737 стар речиси 40 години, кој кубанската компанија „Кубана де авијасион“ го имаше изнајмено од една мексиканска компанија. Државната телевизија на Куба јави оти членовите на посадата во авионот биле Мексиканци

Авионот летал од Хавана кон местото Олгин на истокот на Куба. Поголемиот број од патниците биле Кубанци, 5 странски државјани, вклучувајќи и двајца Аргентинци.

Ова е трета голема авионска несреќа на Куба од 2010 година, а најголема во последните 3 децении, наведуваат светските новински агенции.