Напаѓачот од Норвешка е фатен
20 мај 2022Најмалку четри лица, од кои едно тешко, се повредени во нападот со нож кој се случи претпладнево во југоисточна Норвешка.
Напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен, е фатен, соопшти норвешката полиција.
„Можам да потврдам дека насилникот го имаме под контрола“, изјави за Ројтерс портпарол на полицијата. „Не веруваме дека имало такви
повеќе престапници.“
Според полициски наводи, изборот на жртвите бил случаен. Кој е мотивот за нападот засега е непознато.
Вилијам Скот, кој разнесувал стока во околината, за весникот ВГ изјави дека видел повредена жена на земја: „Прво мислев дека станува збор за судир на возила, бидејќи на земја имаше голема локва крв“, рече тој.
Денешниот напад се случи во местото Нуре, во долината Нумедал, северно од Конгсберг, каде во октомври минатата година маж уби пет лица користејќи ножеви и лак и стрела.
Судењето на данскиот државјанин обвинет за тој напад, кој според експертите има психички проблеми, започна во четвртокот (19.05).