полицијата
23 март 2017Мостот Вестминстер денеска е затворен. Во вчерашниот напад на мостот загинаа пет лица, а околу 40 се повредени
Напаѓачот со возило влета во пешаци на мостот, по што удри во оградата на зградата на парламентот. Потоа со нож нападна еден од полицајците, кој им подлегна на повредите.
Полицијата го застрела напаѓачот. Оттаму се соопштува дека идентитетот на напаѓачот е познат, но други детали нема. Се смета дека нападот има исламистичка позадина.
Британските медиуми јавуваат дека во текот на ноќта во Бирмингем имало рација и дека се уапсени повеќе лица. Според информации на Скај и агенцијата Прес Асосиејшн, рацијата е поврзана со нападот во Лондон. Засега нема потврда за ваквата информација од страна на полицијата.
Бирмингем важи за упориште на исламистите во Велика Британија. Таму живеел и еден од осомничените за организација на нападите во Брисел и Париз, Мохамед Абрини. Тој е уапсен во Белгија и во затвор е од април минатата година.