1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Централна Азија- расадник на тероризам?

Петер Хиле
3 ноември 2017

Нападот на Менхетен како да дава дополнителни докази за растечката опасност од терористи од Централна Азија. Но, можеби повеќе прашања треба да се насочени кон САД отколку кон татковината на напаѓачот, Узбекистан.

https://p.dw.com/p/2mxh4
USA New York - Autoanschlag in Manhattan - Halloween-Anschlag
Фотографија: Reuters/B. McDermid

ДВ: Мис Тајнан, по нападот од страна на Узбекистанец во Њујорк многумина Централна Азија ја оквалификуваа како плодна почва за исламски екстремизам. Дали се согласувате?

Дирдре Тајнан: Не, сметам дека карактеризацијата е премногу силна. Секако, значаен број луѓе од Централна Азија тргнаа да се приклучат кон Исламска држава (ИД) или други групации во Сирија и во Ирак. Но, зборуваме за околу две до четири илјади луѓе.

Што ли ги привлекува овие луѓе во војна, во Исламска држава и тероризмот?

Некои сакаат да војуваат. Друго одат со чувство на религиска должност. Многумина се дезилузионирани. Општествата знаат да бидат многу авторитарни и распределбата на богатството е екстремно нееднаква. Врз основа на нашата теренска работа во места како Казахстан или Таџикистан гледаме дека потенцијални регрутирани е често пати нивниот финансиски статус го наведуваат како причина.

Deirdre Tynan, International Crisis Group
Дирдре ТајнанФотографија: International Crisis Group

А, ИД е во можност тоа да го експлоатира?

ИД со својата пропаганда може да допре до разноликост со луѓе за многу различни причини. На почетокот на нашето истражување во 2014 видовме луѓе од високи места од безбедносната сфера во Таџикистан до млади девојчиња кои беа привлечени во војна и кон ИД.

Што прават владите во Централна Азија да го решат проблемот?

Се преземаат чекори, но тие се во зачеток. Често акцентот е на борба против тероризмот наместо на превенцијата од него. Владите го третираат како строго безбедносно прашање и немаат волја да гледаат подлабоко, како на социоекономските мотиви на радикализацијата.

Дали вниманието во медиумите ќе беше исто напаѓачот да беше од друга помалку егзотична земја?

Мислам дека игра улога тоа што Централна Азија е малку позната. Американските интереси во оваа област се мали и свртени се кон Авганистан. Напаѓачите во Стокхолм, Санкт Петерсбург сега во Њујорк не беа воини на ИСИС, туку мигранти  што ја напуштиле Црнтрална Азија. Заедничката закана изгледа е таа што тие не биле радикализира и во Централна Азија, туку во животот како мигранти на трето место на светот. Тука се оствараат прашања за САД исто колку и за централноазиските земји.

Може ли тоа да е проблем од неуспешната интеграција?

Вчера разговаравме со човек близок до обвинетиот напаѓач од Њујорк, Сајфула Саипов. Тој живее во Охајо и го прашавме каков му е животот таму. Тој ни наслика живот во заедница која меѓусебно е многу поврзана. Може да замислите дека сигурно би имало многу Поддршка за него таму. Но, тој рече дека Саипов бил тежок карактер и не компатибилен дури и меѓу луѓето од татковината. Можеби ќе испадне дека имаме многу индивидуализира случај, некој кој налетувал на белји без разлика каде се наоѓал.

Karte Zentralasien ENG

И сепак одбрал да убива луѓе во име на ИД

Пропагандата на ИД е многу различна од другите организации како на Талибанците или Ал Каеда со тоа што на пр.се прави и на руски или централноазиските јазици, вклучително и узбекистанскиот. Саипов имал пристап до истиот пропагандистички материјал за регрутирање како и узбекистански мигрант во Москва или некој кој живее во Централна Азија. Тие допираат до луѓе кои се ранливи и тоа на нивниот мајчин јазик. И мислам дека тоа е многу битна поента.

Дирдре Тајнан е директор на проектот за Централна Азија при Меѓународната кризна група. Стационирана е во Бишкек, Киргистан.