1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Напад во Ботроп со можна ксенофобна позадина

ЕМФ / дв
1 јануари 2019

Во текот на новогодишната ноќ во германскиот град Ботроп возило влета во група пешаци. Полицијата се сомнева дека делото има ксенофобна позадина.

https://p.dw.com/p/3ArJQ
Deutschland Mann fährt in Fußgängergruppe
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

Во нападот кој во текот на новогодишната ниоќ се случи во Ботроп се повредени четири лица, од кои едно лице тешко. „Истражните органи во моментов поаѓаат од тоа дека нападот е извршен со намера, можеби поради тоа што напаѓачот е непријателски настроен кон странци“, соопштија полицијата и надлежното обвинителство. Напаѓачот е уапсен.

50-годишниот маж неколку минути по полноќ со своето возило прво се упатил кон само еден минувач, соопштија властите. На пешакот му успеало да се спаси од сударот со возилото. Потоа возачот во центарот на Ботроп се втурнал во група луѓе, во која имало Сиријци и Авганистанци.

Повеќе: 

Многу неодговорени прашања за теророт во Берлин

Напаѓачот потоа со своето возило од марката Мерцедес избегал во Есен, каде се обидел на автобуска станица да прегази намерно група луѓе кои чекале автобус. Во Есен на полицијата ѝ успеало да го запре напаѓачот и да го уапси. Веќе при чинот на апсењето тој давал ксенофобни изјави, соопштија властите. Освен тоа, има и првични информации дека лицето е психички болно. Полицијата наведува дека напаѓачот е по потекло до Есен.