1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намерно попречување на пренесувањето на програмите на Дојче веле

15 февруари 2011

Инженерите на ДВ во понеделник, 14.02.2011 во 13.07 часот UTC (14.07 по Средноевропско време) констатираа дека има попречување на сигналите кои се пренесуваат преку сателитот „Хатбрд 8“.

https://p.dw.com/p/10HVd
Фотографија: DW

Станува збор за намерно попречување направено со туѓи сигнали ("Jammings"). Потеклото на ова попречување може само да се претпоставува. Во минатото, последен пат во февруари минатата година, попречувачките сигнали дојдоа од Иран.

Пречките влијаат врз преносот на сигналот на телевизијата на ДВ во Европа и во арапскиот свет, како и врз UKW и KW фреквенциите во различни региони на Европа, Блискиот Исток и делови на Азија. Засегнати се и интернет-понудите на ДВ: сателитот „Хатбрд 8“ се користи и за пренос на сигналот до провајдерите на лајв-стрим преку DW-WORLD.DE па и тука доаѓа до прекини.

Дистрибуцијата на ДВ реагира за сепак да се обезбеди пренос на содржините на ДВ. За интернет-понудите и сателитскиот пренос се изнајмени други траси како замена. Партнерите кои ги преземаат понудите на ДВ, се веќе информирани.

Автор: Биргит Герц / ЗЈ

Редактура: Марк Кох