1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Назад во Македонија

Костадин Делимитов
28 декември 2017

Се едуцирала во Холандија - се реализира во Македонија. Студиите и' овозможиле на Ања Босилкова Антовска да ги спознае европските вредности. Решила да се врати и да се обиде да ги донесе дома.

https://p.dw.com/p/2q204
Mazedonien Videostill Anja Bosilkova Antovska
Фотографија: DW/K. Delimitov

„Уште од почеток целта ми беше да се вратам во Македонија и на некој начин да придонесам, колку тоа да звучеше наивно. Мислев луѓето бегаат зашто тука е тешко и го одбираат полесниот пат, а јас сакав да се вратам и да ја направам промената во државата што ни е потребна“, вели Ања Босилкова Антовска. 

Таа е дел од балканска мрежа за развој на граѓанското општество. Паралелно бие битка и во делот на ретките болести:

„Работиме на поддршка на граѓанскиот сектор, што ми помага да се ангажирам во општествените борби. Ме поддржува во мојата работа како волонтер во делот на ретките болести. И самата како носител на ретка болест сакам да променам нешто, бидејќи многу е тешко да си пациент со ретка болест во земја во која дури и пациентите со најчести болести се соочени со проблеми.“

Назад во Македонија

Во Балканската мрежа се активни повеќе млади. Заедничко за сите е што студирале во странство. Директорката Илина Нишиќ објаснува:

„Тие со себе носат многу искуство и знаење. Тие од другите кандидати се разликуваат по тоа што имаат самодоверба и големи познавања на различни контексти кои се многу важни за меѓународна работа како нашата.“

Да се променат условите во Македонија не е лесно. Сепак, ентузијазмот не ја напушта Ања:

„Најголемиот проблем е што тука не се ценат оние што вложуваат во себе. Јас имав среќа да се вработам во организација поради моите квалитети и знаење. Но кога тоа нема да го добиеш на пример во институција каде никој не работи ништо а зема плата, а ти си дошол да работиш и нешто да промениш тоа го убива тој ентузијазам, тој дух дека нешто ќе оди кон подобро.“

Повеќе на темата:

Бранот иселување ја турка Македонија кон пропаст!

Одливот на лекари станува драматичен

Бесперспективноста е главен мотив за одливот на мозоци. Дури 50% од младите во Македонија се без работа.