1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надежите на полската левица во градоначалникот-хомосексуалец

Моника Ширацка
11 септември 2018

Градоначалникот од Слупск, Роберт Бидрон, се залага за космополитска Полска, поради што стана икона на Левицата. Многумина го споредуваат со францускиот претседател Макрон – како предизвик на власта.

https://p.dw.com/p/34fcf
Robert Biedron
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/M. Fludra

На средбите со неговите поддржувачи тој е весел, динамичен и сигурен во победа. Со месеци, градоначалникот, кој е прв јавно деклариран хомосексуалец, ја промовира својата партија која официјално треба да се формира во февруари 2019 година. На „Брејнсторминг со Бидрон“ доаѓаат стотици, некогаш и илјадници посетители.

Неговите пароли звучат како класична левичарска програма. Тој сака да ја намали социјалната беда, да се либерализира законот за абортус, да се отворат повеќе места во градинките и да се подобри здравствениот систем во земјата. Иако, личната харизма на Бидрон е поважна од она што го зборува. Тој е опуштен и зборува различно од етаблираните политичари. Но, пред сѐ неговиот животен стил е тоа што го прави автентичен и веродостоен.

Хомосексуалец во католичка земја

Бидрон, кој потекнува од ултра-конзервативниот јужен дел на Полска, во младоста често бил маргинализиран поради неговата сексуална ориентација и, како што кажува самиот, помислувал и на самоубиство. Како политичар тој се залага за правата на хомосексуалците. Во 2001 година ја започна „Кампањата против хомофобија", која во конзервативна Полска предизвика многу контроверзи. Во 2011 година беше избран како прв парламентарец во Полска кој јавно се декларирал како хомосексуалец, Неговиот долгогодишен партнер Кристоф сака да стапи во брак со полскиот патриот Бидрон, но тоа мора да се случи во Полска. „Јас сум Полјак, тука плаќам данок и со години ѝ служам на мојата земја, и поради тоа очекувам дека во мојата земја ќе добијам ист третман како сите останати“, вели овој 42-годишник, во надеж дека хомосексуалните бракови некогаш ќе бидат дозволени. Двајцата би сакале да се земат во Слупск, каде што Бидрон од 2014 е градоначалник.

Политички осаменик

Неговиот мандат во севернополскиот град со 93.000 жители истекува во ноември годинава. Бидрон нема повторно да се кандидира, бидејќи сака повторно да се врати во националната политика. Иако, кога би се кандидирал повторно за градоначалник би ја добил поддршката од над 60% од граѓаните. Меѓу другото и затоа што порано задолжениот град на крајот од неговиот мандат повторно има позитивно салдо. Но, градоначалникот има на товар и голем педофилски скадандал. Според медиумските извештаи, градски чиновници со месеци толерирале случај на злоставување на малолетнилки од страна на учител по танц.

Осамениот Бидрон е трн во окото на националконзервативците, иако и во левичарско-либералниот табор нема политички пријатели. Бидрон може да повлече дел од гласачите на либералниот изборен сојуз и граѓанска коалиција, формирана од партиите Граѓанска платформа (ПО) и Модерна (Новосчесна), бидејќи често отворено зборува за бризантниот проблем за либерализација на законот за абортус.

Robert Biedron
Бидрон на Марш за човекови права и рамноправност во Кишињев, Молдавија (17.05.2014)Фотографија: picture-alliance/EPA/Dumitru Doru

Полскиот Макрон"

ПИС со години третира многу социјални теми кои традиционално спаѓаат во левичарската агенда. Нивниот проект за показ - Детски додаток, не може да се спореди со ниту еден друг социјален проект од поновата историја. Но, оние кои сакаат социјални проекти, но не и националноконзервативниот курс каков што го застапува ПИС, не се чувствуваат соодветно претставени од ниту една партија. Со тоа би можело да бидат совршена целна група на идната партија на Роберт Бидрон.

Во медиумите полскиот политичар го споредуваат со Емануел Макрон. Со неговата харизма воведува нов стил во полската политика. Естаблишментот има добри причини да страхува дека може да ја размеша полската политилка сцена. Се шпекулира дека може со партијата на Макрон да формира фронт пред изборите за европскиот парламент и по изборите во него.

Повеќе: 

Нови протести против судската реформа во ПолскаФерхофстат: ЕУ не е автомат за пари за Полска

Изборите во ЕУ ќе бидат тест

По европските избори кои се првиот тест за партијата на Бидрон, на ред се поважните за него избори во Полска есента 2019-та. Во интервју за полскиот жолт печат Super Express „полскиот Макрон" настапува самоуверено кога го прашуваат дали би сакал да стане премиер. „Влегувам во политиката за да ја сменам Полска, а тоа реално може да го постигне само премиер“, изјави Бидрон.

Според анкета спроведена во јули 2018-та, тој на претседателските избори во 2010-та година би можел да го добие третото место, веднаш по актуелниот претседател Анджеј Дуда и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој важи за најсилен кандидат на опозицијата. Бидрон не ги отфрли шпекулациите за неговата кандидатура за претседателските избори.