1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новите правила за вработување во Германија

БГ
3 март 2020

Стапувањето во сила на новиот германски закон за доселување на стручњаци предизвика голем интерес во Северна Македонија. Денеска со појаснување за новините се јави и германскиот амбасадор Герберих.

https://p.dw.com/p/3Yp9T
Deutschland Arbeitsmarkt Arbeitslosenzahlen
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Heinl

Македонските граѓани можат да заминат на печалба во Германија само откако ќе им биде признаена квалификацијата, без оглед дали имаат високо или средно образование, и врз база на тоа ќе добијат и работна дозвола. Германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих денеска преку видео-изјава им се обрати на граѓаните појаснувајќи ја постапката која ја предвидува новиот Закон за доселување на стручна работна сила кој стапи во сила од 1 март годинава.

„Не сакаме да поттикнуваме одлив на мозоци, туку се залагаме за создавање на одржлив пазар на трудот во земјите од Западен Балкан“, вели Герберих алудирајќи на стравувањата дека новиот германски закон ќе поттикне нов бран иселувања од земјава и од регионот. Тој притоа соопшти дека ќе бидат поддржани и оние државјани на земјава кои ќе одлучат да се вратат од Германија со цел тука да го пренесат стекнатото знаење.

Што се однесува до новите правила, тие се во детали објаснети и на интернет-страницата на германската амбасада во Северна Македонија

како и на бројни други сервисни интернет страници.

Една од најважните новини во законот е овозможувањето на стручњаци и со средно и со академско образование да конкурираат за работа во Германија на исто ниво и со германските граѓани, како и со граѓаните на ЕУ. Но, без разлика на степенот на образование, тоа мора да биде признато во Германија. Повеќе за тоа информирајте се тука и тука.

Infografik Fachkräftemangel Bundesländer DE
На југот на Германија недостасуваат најмногу работници.

Чекор по чекор, постапката за стручно лице се изведува на следниот начин:

- Признавање на Вашата странска квалификација во Германија;

- Конкретна понуда за работно место;

- Работна виза. 

Новиот закон нуди и можност како стручно лице да поднесете барање за виза со важност од шест месеци со цел барање на работно место во Германија, под услов да поседувате соодветната квалификација и доколку Вашата странска квалификација е веќе признаена. Притоа треба да се има и одредено ниво на познавање на германскиот јазик (најчесто Б1). 

Учење на германски јазик преку страницата на Дојче веле.