1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Македонија и е потребна влада на национално единство

Б. Георгиевски/еурактив10 јуни 2015

Во заедничка колумна за порталот „ЕурАктив“ Хедер Грабе и Горан Булдиоски оценуваат дека Хан има клучна можност да ги дефинира демократските стандарди во земјата

https://p.dw.com/p/1FeXF
Фотографија: Reuters/M. Djurica

„Ова е одлучувачки момент за македонската држава- но и за демократијата во целиот Западен Балкан“, пишуваат авторите Грабе и Булдиоски од Европскиот институт и иницијативата на Фондацијата Отворено општество во заедничката колумна за „Еурактив“.

„Демократијата е кревка во целиот регион. Иако ЕУ историски толерираше многу несовршености, снимките од прислушуваните разговори разоткриваат до детаљи еден систем кој е толку дисфункционален што ја става под прашање легитимноста на владата во целина.
Политичко прелевање на македонската криза е веројатно. Минатонеделното откритие на прислушување од страна на српските разузнавачки служби сугерира уште еден сличен скандал во најголемата земја во регионот. Јасен и директен одговор од Комисијата за прислушувањето во политички цели е клучен за одржување на стандардите на владеење во регионот.

Останатите лидери во регионот одблизу ќе следат дали Комисијата ќе биде попустлива.

Патот напред станува појасен. Првиот чекор за Комисијата е да посредува во формирање на нова влада на национално единство во Македонија, со свежи лица во транзицискиот тим кој ќе ги вклучи сите етнички групи и партии. Оваа влада треба да подготви слободни и фер избори во 2016 година, со ослободени медиуми и контрола врз безбедносните служби. Во политичките институции треба да се врати плурализмот со што ќе се гарантира контролата. Тоа ќе испрати силна порака до граѓаните во регионот дека ЕУ сѐ уште се грижи за стабилноста на Балканот и за демократските принципи кои ги промовираше тука“, се наведува во колумната.