1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасна комбинација во Мјанмар

Родион Ебигхаузен
8 февруари 2021

Помина една недела откако војската ја презеде власта во Мјанмар. Насилството е најголема опасност, но со Ковид-19 и растечката сиромаштија се зголемува и ризикот од ескалација на ситуацијата во земјата.

https://p.dw.com/p/3p3yc
Myanmar Rangun | Proteste gegen Militärregierung
Високо кренати раце со три прста - знак на демонстрантите во МјанмарФотографија: REUTERS

Протестите се' уште не ескалирале, но состојбата во Мјанмар е екстремно тензична. „Татмадав”, како што се нарекува војската во Мјанмар, досега главно ја нарушува комуникацијата за да го отежни организирањето на протести. Прво беше блокиран Фејсбук, потоа Твитер и Инстаграм, пред целосно да се блокира пристапот до интернет. Во вчеравечер интернет-блокадата беше отстранета, но севкупната комуникација е ограничена.

Сепак, и покрај сите пречки, во неделата во Јангон се одржаа големи протести. Како што јавува агенцијата Ројтерс, а тоа го потврдија и повеќе локални медиуми, десетици илјади луѓе се собраа во центарот околу пагодата Суле, која и претходно беше збирно место за протести. Со високо кренати раце со три прста – знак кој стана симбол на отпорот, како во Талјанд, тие скандираа: „Не сакаме воена диктатура! Сакаме демократија!“

Повеќе:

Крај на илузиите во Мјанмар

Воен удар во Мјанмар

Историја на насилство

И во други делови од земјата имаше поголеми или помали протести. Особено тензично беше во гратчето Мјавади на југоистокот, во близина на границата со Тајланд. На видеата споделени на Фејсбук се слушаат и истрели и се гледа толпа народ како бега од полицијата која употребила солзавец.

Досега војската делуваше повнимателно отколку при последниот пуч во 1988 или од 2007 година, кога војската ја задуши таканаречената „Шафран-револуција“ на монасите. Во двете востанија имаше и мртви, иако бројот на жртви е спорен. Се смета дека во 1988 имало неколку илјади, а во 2007 помеѓу 13 (според официјалните податоци) и неколку стотици (според австралискиот медиум Еј-Би-Си).

Во светло на насилната историја на војската при сузбивање на протести, историчарот Тант Минт-У на твитер напиша: „Анти-пуч протестите се засилуваат. Од една страна, земајќи го предвид минатото, можеме да ги предвидиме реакциите, од друга страна пак, општеството во Мјанмар е сосем различно од 1988-та или 2007-та.“

Жителите и експертите во Јангон со кои разговараше ДВ, но кои од безбедносни причини не сакаа да бидат именувани, се поскептични. Тие сметаат дека во следните денови ќе следат насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Корона-пандемија

Пучот и протестите се случуваат среде корона-криза. Пандемијата го погоди слабиот и лошо развиен здравствен систем во Мјанмар, особено во руралните области. Со 141.000 официјално регистрирани случаи и 3.186 починати (состојба од 07.02.2021 според универзитетот Џонс Хопкинс) Мјанмар, во споредба со останатите југоазиски земји, е меѓу средно погодените. Според тинк-тенкот од Вашингтон, „Центар за сратегиски и меѓународни студи“, во Мјамар има 2600 заразени на 100.000 (за споредба - во Виетнам се 21, Тајланд 326, Индонезија 4325, Сингапур 10.629). Бројките во последниот период нагло паднаа, што се Аунг Сан Су Чи: повеќе икона отколку политичаркадолжи на строгиот карантин воведен во октомври 2020-та од Националната лига за демократија, партијата на Аунг Санг Су Ќи.

Myanmar Rangun | Proteste gegen Militärregierung
Многу лекари и медицински сестри од државните клиники по пучот се приклучија кон кампањата за граѓанска непослушност и не одат на работаФотографија: REUTERS

На денот на пучот министерот за здравство од НЛД, д-р Мун Хтве, најави оставка преку Фејсбук. Тој ги повика своите соработници и понатаму да му служат на народот. Сепак, многу лекари и медицински сестри од државните клиники по пучот се приклучија кон кампањата за граѓанска непослушност и не одат на работа.

Во секој случај, собири на илјадници луѓе на протести се плодна почва за ширење на коронавирусот. Дури и да не дојде до насилни судири за задушување на протестите, може да се смета на пораст на бројот на заразени од корона, а со тоа расте и бројот на смртни случаи од вирусот.

„Патосирана” економија

Хунтата во петокот соопшти дека ќе се концентрира на повторното оживување на економијата. Фабрики, кои во локдаунот беа затворени, треба повторно да бидат отворени и да бидат воспоставени летовите во внатрешноста. За да се спречи ширење на корон вирусот треба да бидат преземени соодветни хигиенски мерки. Што тоа конкретно значи и како тие мерки во актуелната вонредна состојба ќе се спроведуваат, воениот режим не појасни. Пандемијата веќе и' нанесе голема штета на економијата на Мјанмар. Студија на „Институтот за истражување на меѓународната прехранбена политика” од ноември 2020, го истражуваше влијанието на Ковид-19 врз економијата. Како последица на пандемијата изостана туризмот, се затворија текстилните фабрики, локдаунот им ја одзеде базата за егзистенција на лицата кои работат за дневници. Студијата дојде до заклучок дека сиромаштијата поврзана со ниски примања меѓу јануари 2020 и септември 2020 е порасната од 16 на 63 проценти. Две третини од жителите живеат со помалку од 1,90 долари на ден. 38 проценти од сите домаќинства во Јангон изјавиле дека во септември 2020-та веќе немале никакви приходи.

Myanmar Proteste gegen den Militärputsch
Бараме ослободување на нашата лидерка Аунг Сан Су Ќи, стои на овој плакат кој го држи демонстрант во ЈангонФотографија: Reuters

Војската сака повторно да ја отвори економијата, но пучот значи и дека ќе има натамошни ограничувања во поглед на итно неопходни странски инвестиции. Големата јапонска компанија Кирин во петокот најави дека се повлекува од Мјанмар. Чекорот ќе го следат и други инвеститори, а може и повторно да бидат воведени економски санкции од ООН, САД или ЕУ.

Историјата на земјата покажува дека економските проблеми може да разгорат протести. Државната криза од 1988 со последувателен пуч во суштина се должеше на мизерната економска состојба и ненајавеното обезвреднување на валутата.