1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мртва трка во Израел

Тим Асман
18 септември 2019

Пат-позиција по парламентарните избори во Израел: партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху има еднаков број места со Сино-белиот сојуз на Бени Ганц.

https://p.dw.com/p/3PlQm
Symbolbild: Präsidentschaftswahlen in Israel 2019
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Kahana

Израел зад себе има долга ноќ. Изборите донесоа неизвесност која сѐ уште трае. По пребројани 90 проценти од избирачките ливчиња, партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху има еднаков број места во парламентот (32) како Сино-белиот сојуз на екс-шефот на армијата Бени Ганц. Оттука, изјавите на двајцата, дадени по изборите, се претпазливи.

Ганц зборува за успех, а не за победа: „Трпеливо ќе ги чекаме конечните резултати. Но, сепак, веќе сега може да се насети дека Бенјамин Нетанјаху не ја постигна својата цел. Ние, пак, докажавме дека идејата која се нарекува сино-бела, беше многу успешна. Ние сме овде за да останеме.“

Benny Gantz - Blau Weiße Partei, Israel
Ганц: Овде сме за да останемеФотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

Бени Ганц зборуваше за пукнатини во израелското општество кои тој сака повторно да ги залепи. Нагласи дека би сакал да води разговори за влада на единство: „Ги повикувам ривалите од сите табори: оставете ги настрана несогласувањата и ајде да се активираме заеднички за изградба на добро, израелско, праведно и рамноправно општество.“

Премиерот Бенјамин Нетанјаху пред своите приврзаници се појави дури околу три часот изутрина. Нетанјаху, според тоа како што сега стојат рсаботите, не ги постигна своите цели. Неговата национално конзервативна партија Ликуд не е најсилна и заедно со евентуалните коалициони партнери не може да стигне до мнозинство во парламентот кој брои 120 места. Но, такво мнозинство нема ниту предизвикувачот Бени Ганц.

Wahlen in Israel- Benjamin Netanyahu
Нетанјану: Потребна е стабилна владаФотографија: Getty Images/AFP/M. Kahana

Нетанјаху сака повторно да состави влада. Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе го претстави неговиот мировен план за регионот, а во таква ситуација на Израел му е неопходна стабилна влада: „Вечерва разговарав со сите партнери на Ликуд од десниот табор. Сите, без исклучок, се обврзаа на овие цели. Во наредните денови ќе почнеме преговори за составување ционистичка, силна влада и за избегнување опасна антиционистичка влада.“

Повеќе:

Нетанјаху под притисок да победи

Моделот Нетанјаху има ограничен рок на траење

Одлучувачка при составувањето на коалицијата би можела да биде улогата на десниот популист Авигдор Либерман. Партијата „Нашата куќа Израел“ на поранешниот министер за одбрана би можела да постигне добар резултат. Либерман постојано вели дека не би сакал да е дел од влада во која учествуваат две ортодоксни еврејски партии. Таквите партии, меѓутоа, на Нетанјаху му се потребни за составување коалиција.

До соопштувањето на официјалните резултати од изборите ќе минат уште неколку дена. Претседателот на Израел, Реувен Ривлин, сега мора да одлучи кому ќе му го додели мандатот за влада. Новата влада ќе биде избрана најрано на крајот на октомври.