1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку е реалистична 2025 година за Западниот Балкан?

Анила Вилмс
24 март 2018

Кога општествата преземаат нов систем на вредности, тогаш тоа не е прашање на години туку на децении, смета писателката Анила Вилмс. Тоа важи и за пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/2url6
Die albanische Schriftstellerin Anila Wilms
Фотографија: A. Wilms

На Европската комисија неодамна ѝ успеа еден важен потег: Западниот Балкан, последната бела флека на географската карта на Европа, би требало да биде примен во ЕУ. Не во некоја далечна иднина, туку толку блиску како што е 2025 година. Ги триеме очите во неверување. Што се однесува до мене лично: никогаш не бев сигурна дека некогаш ќе го доживеам тоа. Но, некако ме опфаќа славеничко расположение.

Се исплатува да се фрли поглед на хартијата на која Комисијата тоа го објави. Јасно се гледа што Комисијата мисли за Западен Балкан:  тешко болен пациент кој лежи пред вратите на ЕУ- па со тоа е во нејзина надлежност. Приемот- пишува таму- не е ништо помалку од „геостратешка инвестиција за безбедност“ на граѓаните. Се зборува за кооперација меѓу полицијата и правосудството со цел да се обезбедат границите и да се вратат илегалните мигранти, за борбата против теророт и за радикализација во ЕУ, против шверцот на оружје и на дрога како и за перење пари. На тоа треба да се додаде и економијата: регионот е пазар кој ветува кога станува збор за стока и услуги од ЕУ, а за возврат ќе се добие благостојба и „good governance“.

Повеќе колумни од авторката:

-Моја Европа: Опоравување од шокот

-Моја Европа: Што е во опасност?

-Мој поглед на Европа: „Чувство дека си дома“

Следи „to do“ листата за новите кандидати која предизвикува вртоглавица: човекови права, контруктивен дијалог во политиката, независност на медиумите, малцински права, сузбивање на организираниот криминал и корупција на власта. А најчувствителна точка е- запирање на соседските конфликти.

Два многу различни системи на вредности

Претпоставуваме: таа точка е клучот, основен симптом кој го мачи Балкан. Сите негови болести кои се поврзани со начинот на кој таму се постапува со конфликтите. Бидејќи, конфликтите на Балканот не се решаваат. За нив се одлучува. Тешко на оној кој ќе загуби. Балканските народи се традиционално борбени народи- нивниот развој не познава ниту еден од историските феномени кои во поново време ја формираа Средна Европа: реформација, просветителство, индустриска револуција.

Да, Европа оствари одлучувачки поголем напредок кога се работи за консензус, компромис, соработка. И секако- развојот на општеството може да оди само во таа насока.

Какви се  изгледите?

Со оглед на сѐ поголемиот замор од ЕУ, граѓаните на ЕУ со „факти и информации“ би требало да бидат убедени во предноста за пристапување на балканските земји. Пристапот без сомнение ќе не чини и нешто, па приближувањето „би требало да се одвива постапно во споредба со поранешните, прилично нагли проширувања.“

Flaggen Westbalkan-Konferenz in Berlin 2014
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Најголеми жртви би требало да поднесат балканските земји. Животот таму би требало да се приближи до секојдневието во ЕУ „сѐ до тоа што децата учат на училиште“. За идните членки на ЕУ е важно да преземат нов систем на вредности. Тие мораат да се фрлат на работа со „огромна политичка волја“, да ги „удвојат напорите“ и да го искористат овој „единствен рок“.

Балканските земји значи мораат ни помалку ни повеќе туку да ја променат својата душа. Може да се замисли дека оваа претстава ќе биде болна за нив. Ако се знае и оти никој со задоволство не се откажува од својот идентитет: животот на Балканот може да има навистина благ вкус. Пријателствата вредат многу, исто како и семејната клика. Во тие односи постојат и големи размени и на внимание и на помош која се подразбира сама по себе, пристојност, почитување и верност: луѓето се образовани, рефлективни и музикални, имаат големи идеали и големо срце, умеат да се смејат од сѐ срце и меѓусебно да се прават среќни.

И приказните за хероите се дел од колективниот идентитет на кој луѓето се многу горди. Истовремено сѐ повеќе луѓе- пред сѐ млади- забележуваат дека со нивните души нешто не е во ред. Културата на национална омраза ги кине срцата, а кога бурата ќе стивне, остануваат големи празнини и рани.

Така  копнежот за Европа во основа значи токму тоа, копнеж за мир, желба за оздравување. Смисол дека има надеж за Западен Балкан.

Нова куќа

Овој вид на заздравување е возможен: јас самата го искусив во Германија. Освен тоа примерот на Германија по Втората Светска Војна покажува дека цели народи одново можат да научат да се однесуваат со конфликтите и агресиите. 

Доколку е во „длабок интерес на ЕУ“ да го прими Западниот Балкан, доколку поради глобалната ситуација сега е важно европските народи што повеќе да се зближат, тогаш на ЕУ ѝ е потребен сосема нов концепт. Голема куќа со солидни темели, со многу катови и диференцирани простори за сите членки на големото семејство. За да може еден ден да се оствари визијата за Европа како стабилно и функционално семејство на народи, во кое секој член ги внел своите квалитети, потребни ни се далекувидост, чувствителност, знаење и пред сѐ долг здив. 2025-та може да биде првиот чекор. Но тоа всушност е задачата на генерацијата.

Анила Вилмс е албанска писателка која од 1994 година живее во Берлин. Во 2012 година се појави нејзиниот прв роман „Албанска нафта или убиство на северниот пат“.