1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва: „Грубо мешање“ на Западот во Македонија

СН/ агенции
4 октомври 2018

Русија денеска остро ги критикуваше водечките западни земји за отворено агитирање на референдумот во Македонија и за мешање во внатрешните работи на земјата.

https://p.dw.com/p/35yH2
Russland Präsidentswahlen |  Außenministerin Maria Zakharova
Фотографија: picture-alliance/dpa/Sputnik/K. Kallinikov

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека Западот спроведувал голема пропагандна кампања во Македонија. 

„Водечките политичари на Европската унија и на Западот отворено агитираа граѓаните да гласаат 'за' , тоа според нас е недопустлива пракса“, изјави Марија Захарова. Таа истакна дека обидите на Западот немале успех, но затоа „без нималку срам беа поздравени резултатите на референдумот и карактеризирани како широка поддршка за Преспанскиот договор“.

Повеќе на темата:

-Руско вето над перспективите на Македонија?

-Македонија - фактор на масата или мезе за други?

-ЕУ бара дејствување, Русија набљудува

Ветувањето на генералниот секретар на НАТО, јенс Столтенберг дека таа организација ќе ја прими Македонија во своите редови во 2019 година е недопустливо, бидејќи одлуката прво треба да ја донесат парламентите на Македонија и на Грција, смета Захарова. „Станува збор за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија. на сите им е јасно, и тоа се прави отворено, дека се стреми кон тоа Македонија по секоја цена да се вовлече во Алијансата“, порача портпаролката на руското министерство за надворешни работи. Захарова додаде дека притоа мислењето на повеќе од половина од граѓаните вклучително и на претседателот на државата не се зема предвид.