Монсун во Индија: досега 164 загинати
17 август 2018Стотици луѓе останаа заробени во покривите на своите куќи поради незапамтените поплави во јужната индиска држава Керала, а спасувачите ги евакуираат со хеликоптери и со чамци.
Во поплавите, кои од 8 август ги предизвикуваат силни монсунски дождови во Керала, според последните официјални информации загинаа 164 лица.
Откако денеска дождот престана да паѓа, илјадници спасувачи започнаа со итна операција за префрлање на заробените граѓани во околу 1.200 прифатни центри во кои засолниште најдоа над 200.000 луѓе .
Монсунските дождови во претходните 8 дена доведоа до поплави, одрони на земјиштето, уривање на куќи и мостови, и пореметување на воздушниот и железничкиот сообраќај во Керала.
Од монсунските дождови секоја година страдаат стотици луѓе во Индија. Сезоната на монсуните трае од јуни до септември.
Керала е популарна туристичка дестинација со прекрасни пејсажи, водопади и преубави плажи.