Можат ли Европејците да ја спасат и Италија?
7 август 2011Реклама
Според пишување на онлајн изданието на магазинот „Шпигел“, финансиски експерти на германската влада оценуваат дека европските партнери не се во состојба да го покријат целиот волумен на италијанските долгови од преку 1,8 билиони евра. Италијанската национална економија е преголема за да може да се „скрие под европскиот чадор“, сметаат експертите и додаваат дека таа мора сама да си помогне. Европската централна банка денеска ќе расправа околу дилемата дали треба да откупува италијански државни обврзници или не. Премиерот Силвио Берлускони во петокот најави дека ќе го забрза воведувањето мерки за штедење и дека ќе се стреми кон избалансиран буџет уште во 2013 година.
Автор: ГЧ/ЖА/дв
Редактор: Жана Ацеска