1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Могерини: Ако не се реши прашањето за името, можна е дестабилизација

ЕМФ/миа2 септември 2014

Шефицата на италијанската дипломатија и нов Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во ЕП предупреди дека доколку набрзо не се реши спорот за името можна е дестабилизација на РМ

https://p.dw.com/p/1D5Iy
Фотографија: John Thys/AFP/Getty Images

Федерика Могерини, која пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот настапи во својство на претседавач со Советот на Унијата, посочи дека е потребно да се вложи поголем напор со цел да се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција, јавува МИА.

„Треба поголем напор, не само во контактите со Македонија, туку и со другите држави. Треба да се обидеме да го решиме тоа прашање и работите да тргнат напред, оти и внатрешната ситуација во земјата може да отиде во непосакуван правец ако прашањето за името не се реши и работите не се променат“, истакна Могерини.

Иако посочи дека проширувањето е на агендата на Италијанското претседателство со ЕУ кое ќе трае до крајот на годината, Могерини повтори дека за Македонија да напредува во процесот на приклучување кон Унијата, треба да се реши спорот за името со Грција.