ММФ прогнозира помал раст
9 октомври 2018Растечките конјунктурни ризици го кочат порастот на светската економија. Меѓународниот моентарен фонд во својата најнова прогноза вели дека за 2018 и 2019 година се очекува глобален пораст од 3,7%. Во досегашната прогноза на ММФ очекуваниот пораст беше 3,9%.
Како причина за намалената прогноза, покрај „негативните ефекти“ од трговско-политичките мерки, Меѓународниот монетарен фонд ги наведува и зголемените тешкотии за низа земји во забрзан подем и земји во развој, меѓу кои и заострените финансиски можности, односно поскапените кредити и повисоките цени на нафтата.
Најголемиот товар за светската економија, според ММФ, во моментов се трговските конфликти кои се зголемуваат, пред сѐ судирот на САД и Кина. Покрај тоа, тука е и несигурноста што со себе ја носи Брегзит, како и последиците од промените на каматната политика во САД за многу земји во забрзан подем.
Неопходни се реформи, „кооперативни решенија“ и избегнување на протекционистички реакции, бара ММФ.
Повеќе: Прогнозите на ММФ не се причина за оптимизам
Меѓународниот монетарен фонд во својата актуелна прогноза за Германија превдидува пораст на брутодомашниот производ за 1,6% годинава и наредната година. Во споредба со прогнозата направена во април годинава, тоа значи намалување за 0,6%, односно 0,1%.