1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Мијалков се појави пред Јавното обвинителство

ЕМФ | МИА
23 февруари 2021

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство.

https://p.dw.com/p/3plDX
Nord-Mazedonien Justiz l Wahlmanipulation - Angeklagte Saso Mijalkov
Фотографија: Petr Stojanovski

Сашо Мијалков изјави дека дошол да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд. Тврди дека не избегал, туку дека во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Тој им се извини на граѓаните, премиерот, владата и другите институции за непријатностите што ги предизвикал.

Повеќе:

Случај Мијалков: скандалозни 24 часа пинг-понг

Мијалков си донесе ослободителна пресуда

Претходно, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков е се' уште во државата.

„Според сите наши анализи и проценки сметаме дека се' уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Дејствијата за потрага се во тек. Ако ние знаеме каде е Мијалков во овој момент, веројатно ќе беше во притвор во истиот момент, меѓутоа сите анализи и проценки кои ги правиме врз основа на потражните дејствија и информациите кои ги добиваме, наша увереност е дека е во државата“, изјави Спасовски.