1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минимална плата: Добра за растот, лоша за малите фирми

БГ/ ДВ
19 февруари 2020

Воведувањето минимална плата пред пет години помогнала да се зголеми продуктивноста и да се намалат разликите во платите. Но таа довела и до затворање на некои мали фирми.

https://p.dw.com/p/3XxkH
Deutschland Arbeitsmarkt Reinigungskraft
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

Воведувањето на минимална плата на национално ниво во Германија ги поттикнала растот и продуктивноста на работниците, открива студија објавена денеска. Владата во Берлин воведе минимална плата во 2015, по што фирмите беа обврзани да им плаќаат на работниците најмалку 8,5 евра на час. Во тој период, околу 15% од германските работници заработуваа под таа граница.
Истражување на лондонскиот Јуниверзити Колеџ и германскиот Институт за истражување на пазарот на трудот, открива дека промената не довела до зголемување на невработеноста меѓу ниско платените професии- како што се стравуваше претходно.
„Спротивно на стравувањата пред воведувањето на минималната плата, не откривме дека тоа довело до намалување на вработеноста“, велат истражувачите. Напротив, нивното истражување покажало дека ниско платените работници се префрлиле во поголеми фирми, каде биле понудени повеќе постојани работни места со подобри квалификации.
„Минималната плата ја зголеми продуктивноста преку редистрибуција на работниците од помалку продуктивните во попродуктивни компании“, велат истражувачите. Порасната е просечната големина на фирмите, како и просечниот број на вработени во големите фирми.

Помалите фирми погодени

Воведувањето на стандардот на национално ниво помогнал да се надминат разликите во платите меѓу регионите, открива студијата. Сепак, таа придонела и за затворање на некои мали бизниси- оние со тројца или помалку вработени. Од 2015 година до денес, минималната плата пораснала од 8,5 на 9,35 евра за час, и следната година повторно ќе биде ревидирана. Таа беше воведена во период кога германската економија уживаше во подолг период на раст, а невработеноста беше на најниско ниво во последните 25 години.