1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Микронезија: Авион наместо на писта, заврши во море

28 септември 2018

На островот Вено во Пацификот, летот на авион од типот Боинг 737 наместо на аеродром, заврши во водата, за среќа, нема посериозно повредени.

https://p.dw.com/p/35c3z
Mikronesien Wasserlandung von Air Niugini in Weno, Chook
Фотографија: Reuters/A. San

Патнички авион со 36 патници и 11 членови на посадата ја промаши аеродромската приста за приземјување на островот Вено во Пацифичкиот Океан. Авионот, сопственост на авиокомпанијата Ер Ниугини, слета 150 метри подалеку од пистата, во лагуна на островот кој припаѓа на сојузната држава Чук. Патниците не претрпеле посериозни повреди, а зошто авионот завршил во морето, не е познато. Водата се искачила во авионот во висина од околу еден метар. Мештаните со бројни мали чамци се упатија кон авионот да ги извадат патниците, ретка слика која брзо се прошири преку интернет.

Чук е дел од Федеративната држава Микронезија, сојуз на бројни острови среде Пацификот со само нешто преку 100.000 жители. Авионот кој се најде во морето доаѓал од Понпеи, друга држава во состав на Микронезија.

Авион слета во вода