Меј назначи нов шеф на конзервативците
8 јануари 2018Заменикот министер за доселување Брендон Луис на шефовската позиција во Конзервативната партија доаѓа на местото на Патрик Меклафлин. Луис, исто како и Меклафлин претходно, добива и министерска функција без ресор.
Меј по оставката на својот заменик Демијан Грин има намера да изврши реконструкција на владата. Како можен наследник на Грин се спомнува министерот за здравство Џереми Хант. Грин поднесе оставка во декември поради скандалот околу порнографскиот материјал на неговиот службен компјутер.
Се претпоставува дека во рамки на реконструкцијата нема да бидат допрени „тешкашите“ во владата. Тоа се однесува на министрите кои се занимаваат со Брегзитот, како министерот за надворешни работи Борис Џонсон, министерот за финансии Филип Хемонд, министерот за Брегзит Дејвид дејвис и министерот за трговија Лијам Фокс.
Непосредно пред најавената реконструкција оставка даде британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир. Тој оставката ја образложи со здравствени причини.
Меј за време на викендот најави реконструкција на владата, но не наведе термин за тоа. По губењето на апсолутното мнозинство на изборите во јуни, таа е под притисок. Во анкетите Лабуристичката партија е веќе со еднаков рејтинг како конзервативците.