1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Прашањето со името мора да се реши

14 февруари 2012

Канцеларот Ангела Меркел денеска во Берлин се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски. Покрај билатералната соработка во фокусот на разговорите беа и македонските евроатлантски аспирации.

https://p.dw.com/p/143AS
Канцеларот Ангела Меркел и премиерот Никола Груевски во БерлинФотографија: DW

Германско -македонските билатерални односи се многу добри, токму како и економската соработка каде што има и голем простор за таа натамошно да се развива, рече германскиот канцелар Ангела Меркел на почетокот на пресконференцијата со македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Берлин. Тема на разговорот беше и можниот почеток на преговори на Македонија за пристапување кон ЕУ. Во фокусот беше и прашањето за членството на Македонија во НАТО и разговаравме за начините, како сакаме да го решиме тоа прашање. Но, прашањето со името мора да се реши, инаку не верувам дека ќе биде можно отворање на преговорите со Унијата и членство во НАТО, нагласи Ангела Меркел.

Никола Груевски рече дека односите меѓу Македонија и Германија се пријателски на севкупно ниво, дека Германија е силен поддржувач на македонските заложби и ги истакна македонските очекување, дека одлуката на Судот во Хаг меѓународно ќе се почитува. Тој ја поздрави германската политика за отворени врати во ЕУ и НАТО.

Автор: Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска