1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Мексико: „Каде да одиме?“

ЕМФ
22 септември 2017

Додека спасувачите се обидуваат да стигнат до затрупаните во разурнатите објекти, илјадници луѓе во прифатните центри чекаат знак дека може да се вратат дома.

https://p.dw.com/p/2kWQK
Mexiko, Aktion Deutschland Hilft beim Erdbeben
Фотографија: Aktion Deutschland Hilft

Надежта дека од под урнатините ќе бидат извлечени преживеани и неколку дена по земјотресот, не згаснува. Бројот на загинати во тешкиот земјотрес во меѓувреме е коригиран нагоре - на 273.

Потресот разурна десетици објекти само во Мексико Сити, а голем број објекти се опасни за живеење поради тоа што постои опасност од уривање. Прифатните центри се преполни со луѓе, кои не се сигурни дали некогаш ќе се вратат дома.

 

Надежта и очајот во Мексико