1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

„Медена земја“ ја одушеви американската критика

29 јули 2019

Македонскиот документарец кој веќе се закити со победа на фестивалот „Санденс“, ги импресионира и рецензентите на најпрестижните американски медиуми. Од 26 јули, филмот се прикажува низ кино-салите во САД

https://p.dw.com/p/3Mt5I
Bangladesch Satgaon Imkerei neben Senffeldern
Фотографија: DW/Muhammad Mostafigur Rahman

Во САД се редат позитивни критики за документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кој минатата недела започна да се прикажува низ кино салите во земјата.
За весникот Њујорк тајмс, „Документарецот за конфликтот на македонската пчеларка со нејзините соседи станува лирска еколошка приказна". Во текстот со наслов „Бодежот и благоста" авторот на рецензијата пишува дека уште во првите минути документарецот „Медена земја" е одушевувачки, возвишен, необичен и богат со човечка и природна убавина – како на филм.
Филмскиот критичар на Лос Анџелес Тајмс во текстот со наслов „‘Медена земја' е потресен документарец за начин на живот што исчезнува" вели дека првите сцени од волшебниот и трогателен документарец од режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов се чудесни за гледање.
„Медена земја", кој освои три награди на годинашниот „Санденс“, благородно поттикнува на коегзистирање, за животот во деликатна рамнотежа со природата. Но, исто така станува нешто повеќе: застрашувачка слика на тоа колку брзо и лесно може да се наруши тој баланс", пишува критичарот на ЛА Тајмс.
Инаку, на водечкиот онлајн агрегатор на филмски и ТВ-критики „Ротен томејтос" македонскиот документарец има 100 отсто позитивни коментари.
Позитивни критики за филмот можат да се прочитаат и во Њујоркер, Венити фер, Ролинг стоун, Атлантик и други престижни американски медиуми.
Кон крајот на август филмот ќе биде прикажан пред македонската публика, на најголемиот фестивал за документарни филмови „Македокс“.