1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мас: Уривањето на Преспанскиот договор ве води во ќорсокак

БГ
12 ноември 2019

Шефот на германската дипломатија во интервју за Дојче веле пред посетата на Скопје говори за реформата на преговарачкиот процес, значењето на Преспанскиот договор и можните алтернативи на ЕУ.

https://p.dw.com/p/3Su8h
Außenminister Heiko Maas
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Германија не поддржува никакви алтернативи на полноправното членство во ЕУ за Северна Македонија и другите земји од Западниот Балкан, порачува германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за Дојче веле пред утрешната посета на Скопје. Мас е оптимист дека во наредниот период ЕУ ќе постигне компромисно решение за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, но предупредува дека реформите не смеат да запрат.

Тој го оценува Преспанскиот договор за „историско достигнување“ и предупредува дека неговото поништување ја води Северна Македонија во ќорсокак.

„Преспанскиот договор со право се смета за историски. Северна Македонија и Грција решија еден тридецениски спор. Договорот ја отвори вратата за евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Со тоа, обете земји станаа пример за регионот, но и пошироко. Тие покажаа дека и навидум непремостливи конфликти со лидерство, храброст и далекугледост можат да се решат и дека се можни и тешки компромиси. Наскоро ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО. И една од пречките на патот кон ЕУ со тоа беше отстранета. Не можам ни да си замислам дека некој сака сето тоа да го уништи и да ја одведе Северна Македонија во меѓународни рамки во еден ќорсокак“, вели Мас.

Целосното интервју со шефот на германската дипломатија Хајко Мас читајте го утре.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема