1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марш во Битола: илјадници порачаа „Да не се повтори!“

12 март 2018

Во Битола во неделата беше одбележана 75. годишнина од депортацијата на Евреите во злогласниот нацистички логор Треблинка. Дојдоа роднини на настраданите од целиот свет

https://p.dw.com/p/2u8bq
Deportation von jüdischen Frauen und Kindern - Bildergalerie 70 Jahre Aufstand im Warschauer Ghetto
Фотографија: picture-alliance/IMAGNO/Austrian Archives

Илјадници луѓе во неделата маршираа по патеката низ која пред 75 години биле спроведени 793 еврејски семејства кон возовите со кои биле депортирани кон логорот Треблинка во Полска. Во Битола дојдоа роднини на убиените и преживеани од Израел, Латинска Америка, САД и Европа, како и бројни претставници на граѓански организации.

Над 7.100 македонски Евреи беа депортирани и убиени во нацистичките логори на смртта.

Марш во Битола: илјадници порачаа „Да не се повтори!“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема