1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Запленета марихуана вредна 800 илјади евра

ДТЗ
9 април 2021

Во акцијата којашто се спроведува во соработка со ДЕА, уапсен е командир од полициската станица во Прилеп.

https://p.dw.com/p/3rnjB
Deutschland Wernberg-Köblitz | Sichergestelltes Marihuana
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer

Дрога вредна 800 илјади евра падна во рацете на македонската полиција. Во акцијата е приведен и висок полициски службеник од Прилеп. Според првичните сознанија, при претресите коишто во текот на денешниот ден ги изврши МВР, е откриено и оружје. Полицијата засега, не открива многу детали околу акцијата, којашто ја спроведе со помош на Американската агенција за борба против дрога -  ДЕА.

Според досегашните информации, припадниците на МВР попладнево кај планинскиот премин Плетвар го пресекле организираниот транспорт на недозволената пратка. Како што дознаваме, станува збор за пратка со марихуана чија вредност се проценува на 800 илјади евра. Во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан висок полициски службеник, командир во полициската станица во Прилеп.

-повеќе на темата: Жариштата на организираниот криминал во Македонија

Веста за акцијата jа потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук. „Во голема полициска акција денеска е запленета дрога во вредност од 800 илјади евра, а приведен е и висок полициски службеник. Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА“, потврди првиот човек на МВР.

Дел од медиумите објавија дека дрогата е откриена во камион којшто денеска околу 14 часот бил пресретнат од страна на полицијата. Претпоставките се дека станува збор за пратка којашто транзитирала низ земјата. Повеќе детали се најавуваат за утре.