1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малите заедници ги бараат своите права

19 октомври 2010

Македонско-албанскиот договор од Охрид како да ги стави во втор план правата на другите малцинства, одредени во Уставот. Очигледен е диспаритетот меѓу формално загарантираниот корпус од права и фактичкиот живот.

https://p.dw.com/p/Pdrh
Фотографија: Petr Stojanovski

Емисии на турски, ромски, влашки, српски јазик, секој ден, на вториот канал од јавниот телевизиски сервис, МТВ, каде две третини од програмата е на албански јазик.

Македонско-албанскиот договор од Охрид како да ги стави во втор план правата на другите малцинства, одредени во преамбулата на Уставот. Очигледен е диспаритетот меѓу формално загарантираниот корпус од колективни и индивидуални права и фактичкиот живот.

„Се зацементираа некои односи, така што сега, по Рамковниот договор, имаме прва заедница, втора зедница, некој над 20 насто, други под таа граница, со таков обем и на права и партиципација. Да, турската зедница во Македонија не само што се наоѓа во подредена позиција, туку и во дискриминирана положба“,оценува Ердем Ахмет, новинар на турската редакција во МТВ. Тој посочува дека социјално-образовниот статус на Турците, како лојални граѓани на Македонија, познати како чаршиски луѓе и еснаф, е на ниско ниво. Со опфатеноста во основно и средно образование тие се доближуваат до Ромите, кои досега беа најмаргинализираната социјално-општествена етничка заедница.

Недоволна интеграција на Ромите

„По Рамковниот договор ние имаме одвај 0,04 насто застапеност во јавниот сектор, иако е планирано учество на Ромите од 2,5 проценти. Дел од проблемите се во образовната структура на Ромите, иако во последнава декада се‘ поголем е бројот на запишаните на факултетите“, соопштува Елмис Елезовски од Националниот ромски центар. Во светската декада на Ромите, тие во Македонија и натаму се соочуваат со парадокси во својата животна интеграција, па понекогаш и да не им биде дозволен влез во одделни кафулиња во центарот на Скопје.

„Не се само Албанците фактор на стабилност“

Можеби општествено-еономски најетаблирана е најмалата етничка заедница - Власите, чиј уставен статус е континуитет од Илендинскиот манифест од 1903 година и Крушевската република.

Mazedonien - Land und Leute
Во џамиите не се слуша македонски збор, се жалат Македонците-муслиманиФотографија: DW

Малку се во центарот на јавноста и политичкиот интерес, освен за време на изборите, немаат статус со своите специфични религиско-културолошки права, Египќаните во охридско, Јуруците во радовишко или Македонците-муслимани, или како што тие понекогаш се нарекуваат- торбеши. Нив ги има околу 160 илјади, потекнуваат од двата брана на исламизација на македонското население за време на Отоманската империја, вели Исмаил Бојда, нивниот неформален лидер. Тој знае да рече:

Mazedonien Land und Leute junge Familie im Park
Фотографија: Petr Stojanovski

„Ниту христијаните Македонци не‘ запишуваат, ниту пак како посебна етничка група имаме право да ги реализираме религиските молитви во џамиите на својот мајчин јазик. Нема ниту една џамија и оџа кои практикуваат читање на молитивите на македонски јазик, иако само во Скопје ги има околу 60 илјади верници. Обредот се почесто е на албански, а се‘ поретко на оригиналниот арапски“, вели Ислмаил Бојда од Заедницата на исламизираните Македонци. Тој забележува што и на пролетниот попис ќе се регистрираат по својата религиозна припадност, а не како припадници на македонскиот народ со право на свое религиозно убедување и континуитет. Токму тоа ги прави ранливи за асимилација било од Албанците, а во одделни случаи и од Турците, ако се доминантни во локалната средина.

Во македонското мултиетничко општество како сите други заедници да се во сенка на доминантната малцинска-албанската. Сепак околу 20 насто од вкупното население им припаѓа на Власите, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците.

„Во последнава декада македонската демократија како да не научи развивање на заеднички живот на повеќе етнички заедници и не се само Албанците фактор на стабилноста“, вели Насер Зибери, правник-нотар, екс пратеник од албанската заедница.

По пролетниот попис не е исклучено во македонското мултиетничко општество да дојде до нови цепења - од Македонците да се издвојуваат декларираните Бугари како се‘ побројна заедница, од Србите-Хрватите и можеби Црногорците.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска