1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон му вети француско државјанство на „Спајдерман“

ЖА / агенции
28 мај 2018

По спектакуларното спасување дете, бегалец од Мали беше примен од францускиот претседател Емануел Макрон, кој му вети добивање француско државјанство.

https://p.dw.com/p/2yRVP
Frankreich Macron trifft Mamoudou Gassama
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Camus

„Херојот од Париз“, 22-годишниот Мамуду Гасама, во знак на благодарност за спектакуларното спасување дете, доби признание од највисока инстанца - беше примен од францускиот претседател во Елисејската палата. Во таа прилика Емануел Макрон му ветил добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарска служба.

Макрон му предал и одликување на бегалецот за неговата храброст и самопожртвуваност. Младиот човек на викендот со неверојатна акција на искачување по балконите на една зграда во Париз, спаси од пад четиригодишно дете, кое висеше држејќи се за работ на балконот на четврти кат.

„Мислев само на неговото спасување, а благодарени на Бога, успеав да го спасам“, изјави Гасама за ТВ БМФ.

Минувачи го снимиле пожртвуваниот чин на младиот човек од Мали, кого медиумите го нарекуваат „Спајдерман“, а видеото е прегледано преку милион пати на социјалните мрежи.