1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ништо повеќе од работен однос

Барбара Везел
30 мај 2017

Францускиот претседател од самиот почеток се погрижи за ограничени очекувања. На првата средба со Путин не станувало збор за ништо повеќе од работен однос, рече Макрон.

https://p.dw.com/p/2dnrx
Frankreich - Paris - Vladimir Putin trifft Emmanuel Macron
Фотографија: Reuters/P. Wojazer

Немаше натпревар за најцврсто ракување на оваа прва средба меѓу Емануел Макрон и Владимир Путин. Двајцата деловнички се наместија пред фотографите за потоа во мал круг да разговараат за проблемите. Французинот знае дека на Русинот ќе му беше помило да видеше некој друг во Елисејската палата. Сега тој трезвено го направи најдоброто во тензичниот однос. 

Примерот Меркел

Новиот француски претседател изгледа дека при остварувањето на контактот со Москва се ориентира според Ангела Меркел и нејзината Путин-линија. Мора да се одржува контакт со Русија да се има средби за да се разговара за проблемите, но од тоа не може да настане извонредно пријателство.

Со мудрото инсценирање на историските односи меѓу Франција и Русија во блескавото опкружување на дворецот Версај, Макрон направи уште нешто за да го вклучи, но во истовреме и да му покаже кај му е местото на Путин. Во Версај во моментов со голема изложба се одбележува 300-та годишнина од посетата на рускиот цар Петар Велики кај францускиот крал - укажување на долгиот тек на историјата и доаѓањето и заминувањето на владетелите.

Пропадната стратегија за дестабилизација

Сосема поинаку од американскиот претседател Доналд Трамп, новиот шеф на француската држава е веќе вистински пораснат. Со ситници како роварењето на Путин против него во огорчената француска предизборна каппања, тој не се занимава. Притоа рускиот претседател провокативно ја пречека противничката на Макрон, Марин Ле Пен во Кремљ. А исто така е одамна познато дека Путин ѝ помогна на нејзината партија со пари.

Barbara Wesel Studio Brüssel
Барбара ВезелФотографија: DW/G. Matthes

Но целата стратегија за дестабилизација на Европа преку спонзорирањето на радикалните десничарски политичари во меѓувреме пропадна. Австрија го издржа притисокот, со Вилдерс во Холандија не бидна ништо, Ле Пен загуби. Во секој случај Трамп му доаѓа на помош на Путин, со тоа што ги нарушува трансатлантските односи.

И обидите на наводните руски хакери, да ја објават електронската пошта на Макрон од изборната кампања и со тоа во последен момент да предизвикаат скандал - пропаднаа. Беше предоцна да се влијае врз резултатот, а во тоа немаше и никаква политичка тежина.

Разумноста како девиза

Емануел Макрон едноставно ги прецрта овие всушност тешко подносливи игрички на шефот на Кремљ и сега јасно му кажа што сака од него. Имено, нов состанок во нормандиски формат, за да се разговара за долготрајната криза во Украина и непридржувањето кон договорот од Минск.

А францускиот претседател се закани и кога станува збор за Сирија: ако Асад повторно употреби хемиско оружје, ќе мора да смета на итна реакција на Франција. Спротивно на Обама, кај Макрон може да се смета дека го мисли она што го кажува. Истото важи и за опомената на Французинот дека руската влада мора да ги почитува граѓанските и правата на малцинствата. Дискусијата беше отворена и директна, беше кажано по средбата. Поинаку кажано: двајцата не се поштедиле од ништо.

Логиката на практикувањето на власта

Францускиот претседател пред оваа посета изјави, дека постои логика на практикување на власта кај Путин, Ердоган и Трамп, која не го импресионира. Рускиот гостин, наспроти тоа, се обиде да поентира со шарм. Мора да се надмине меѓусебната недоверба.

Но Макрон знае што да мисли за него. Тој со оваа средба направи нов обид да го придобие Путин како партнер во решавањето на меѓународните конфликти. Но тоа функционира само додека се поклопува со интересите на рускиот претседател. Макрон многу добро ја проѕре оваа логика и не дозволи да биде изманевриран од страна на Путин. Германската канцеларка во него ќе има добар партнер во политиката кон Русија.