1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ уште нема конечни податоци за одзивот

ЕМФ | МИА
18 октомври 2021

Државната изборна комисија сѐ уште ги нема објавено конечните податоци за одзивот на локалните избори.

https://p.dw.com/p/41nSM
Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Колку избирачи излегле на гласање на локалните избори во Северна Македонија и натаму не се знае точно. На страницата на Државната изборна комисија изутринава сѐ уште може да се видат податоците за излезноста на изборите до 18:30 часот.

Nord-Mazedonien Kommunalwahlen 2021 - Wahlbeteiligung
Фотографија: Zentralwahlkommission Nord-Mazedonien

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, вчеравечер изјави дека постапката за сумирање на резултатите трае и дека како што завршуваат избирачките одбори со собирање на резултатите, тие се внесуваат на веб-апликацијата.

„Кај нас одат резултатите врз основа на записниците, треба да се види во записникот колку е. Локални избори се, значи многу поголем број на гласачки ливчиња се споредуваат и нели имаме сега и графа за отпечатоци колку на страна тоа треба да се спореди. Претпоставувам веќе тоа е при крај, бидејќи прво избирачките одбори, па ги предаваат на ОИК, така што веќе ќе треба да пристигнуваат побрзо резултатите“, изјави Даштевски вчеравечер.

Според податоците кои сега стојат на располагање (до 18:30 часот) одзивот бил 48,99%. Даштевски информираше дека гласањето во последните избирачки места завршило во 21:55 часот вчера, односно два часа и 55 минути по 19 часот, кога требаше да се затворат избирачките места.